Паника во репрезентацијата на Словенија: Лука Дончиќ е повреден!!!

518

Лука Дончиќ е повреден и неговиот настап во 1/4 финалето на ЕВРО 2022 против Полска е под голем знак на прашање. Имено мега – ѕвездата на репрезентацијата на Словенија има проблеми со зглобот и осеќа болки. Тој денеска тренирал, но сепак болките не биле така мали.

Оваа информација ја потврдуваат од стручниот штаб, но исто така тие се оптимисти и се надеваат дека до мечот со Полска, кој се игра во среда, Дончиќ сепак ќе може да настапи, иако исто така не кријат дека се и загрижени.

Инаку се знае дека проблем за Словенија е и повредата на Зоран Драгиќ.

ПретходноИталијанските репрезентативци му ја вратија кредитната картичка на “лудиот“ Поцеко!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Силекс)