Пех за Словенија: Помладиот од браќата Драгиќ се повреди и го заврши Евробаскетот

155

Репрезентацијата на Словенија на ЊЕвропското првенство во Берлин остана без услугите на Зоран Драгиќ, кој поради повреда го заврши своето учество на Евробаскетот 2022.

Лошите вести за словенечката репрезентација во пресрет на четвртфиналето против Полска, стигнаа откако Драгиќ го повреди бутниот мускул и лекарите потврдија дека тој нема да може да и помогне на селекцијата до крајот на турнирот.

„Очигледно не ми е судено да и помагам на репрезентацијата во решавачките битки на ЕП, ќе им помагам на соиграчите од клупата, ќе ги бодрам гласно и на овој начин ќе им дадам позитивна енергија, која ќе ни биде потребна. Наредните денови верувам дека момците ќе го остават срцето на теренот и дека на крајот заедно ќе се радуваме на добриот резултат кој сите го посакуваме многу“, изјави Зоран Драгиќ.

Помладиот од двајцата браќа Драгиќ се повреди на крајот од првото полувреме од осминафиналето против Белгија.

ПретходноКрајова победник на меѓународниот одбојкарски турнир во Струмица
СледноДали ВАР погреши: Зошто никој на судијата не му покажа каде стои Кандрева?