Селекторот на Италија на кошаркарите им ја дал кредитната картичка да се почестат!

582

Џанмарко Поцеко со неговите момци го приреди најголемото изненадување на Евробаскетот. Во Берлин, италијанската репрезентација испиша бајка која долго време ќе се памети. Кошаркарите на оваа земја пред крајот на третата четвртина останаа без својот селектор, кој заработи исклучувачка, а потоа одиграа чудесни десет минути, ја урнаа Србија и заверија место во четвртфиналето.

По мечот видовме многу емоции, Поцеко скокаше по сите кошаркари, ги гушкаше Србите и се што ќе се појавеше пред него. На крајот откри дека им ја дал на кошаркарите кредитната картичка за да се почастат.

„Им ја дадов кредтината картичка да ја прослават победата“, изјави предводникот на Италија, кој претходно потенцираше.

„Ова е најголема победа во историјата на италијанската кошарка, поголема од победата во полуфиналето против Литванија на Олимпијадата во 2004 година кога бев на теренот“.

За место во полуфинале, Италија ќе се бори против Франција.

 

Претходно За една недела скоро 20 милиони денари кај играчите на ВИДЕОЛОТАРИЈА!
СледноАдис Јаховиќ се повлекува од репрезентацијата на Македонија