Скопје, Љуботен и Воска без да играат се пласираа во 1/8 финалето во Купот на Македонија!

3898

Во среда се игра првото коло од Купот на Македонија. Ќе се играат 11 натпревари место 16. Имено познато е дека според новите правила, двете екипи финалисти во последното Куп финале, во овој случај Македонија ЃП и Силекс директно се пласираат во следната фаза. Од порано беше познато дека и Љуботен без борба ќе оди во 1/8 финалето. Имено Љуботен требаше да игра со Ренова, а се знае што се случи со “гипсарите“.

Ново тоа што и Скопје и Воска Спорт, исто така без борба, се пласираа во следното коло.

Противникот на “пиратите“, тимот на Црно Буки го откажа своето учество во Купот на Македонија, исто така откажа и тимот на Зајази, кој требаше да игра со Воска Спорт.

Инаку познати се и судиите за тие единаесет мечеви во среда. Интересно ќе биде во Гостивар, каде играат Гостивар и Пелистер, а главен судија ќе биде Марјан Младеновски од Скопје. Во Гевгелија, каде се среќаваат Кожуф и Тиквеш, мечот ќе го води Ивана Пројковска.

ДВОЈКИ И СУДИИ 1.КОЛО ВО КУПОТ – СРЕДА (15 Ч)

Струмица: Беласица – Шкупи (К.Ѓорѓиев-Штип)

Г. Речица: Гостивар – Пелистер (М. Младеновски – Скопје)

Струмица: Тетекс – А. Пандев (М. Стојановски – Кичево)

Виница: Слога (В) – Брегалница (Б. Ралевски – Битола)

М. Каменица: К. Саса – Вардар (М. Дејаноски – Кичево)

Гевгелија: Кожуф – Тиквеш (И. Пројковска – Скопје)

Неготино: Вардар (Н) – Струга ТЛ (Д. Ристовски – Гевгелија)

Карбинци: Карбинци – Победа (А. Василевски – Скопје)

Скопје: Фортуна – Борец (П. Салихи – Тетово)

Петровец (Скопје): Коњаре – Работнички (Б. Ќерими)

Струга: Караорман – Шкендија (К. Смоквоски – Прилеп)

ПретходноВтор меморијален меѓународен турнир „Драган Василов Цевка“
СледноДуелот Арсенал-ПСВ е одложен, Англичаните немаат доволно полиција да го обезбедат мечот!