Судиска комисија при ФФМ ги разгледа спорните моменти од 7. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФK Македонија Ѓ.П – ФK Силекс одигран на 10.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 28. минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;
28. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на Силекс ја имаше топката во свој посед близу аут линијата, на него со силен интензитет во пределот на ногата и без да има шанса да игра со топката стартуваше играч од екипата на Македонија и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досудено слободен удар и доделен втор жолт картон за играчот на Македонија за неспортскиот старт, бидејќи тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Шкупи – ФК Работнички одигран на 11.09.2022 година, анализирани се ситуацииите од 5. и 9. минута.
Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин;
5. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досуден офсајд позиција)
Центрирана топка од слободен удар во шеснаесетникот на Работнички, топката дојде до играч од нападот на Шкупи кој во моментот на центрирање беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Работнички и постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија играта да продолжи, бидејќи играчот кога ја прими топката од соиграчот беше во линија со претпоследниот играч од одбраната, голот е регуларен.
9. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН Картон)
Играч од нападот на Шкупи одзема топка од одбраната на Работнички и тргна сам кон голот на Работнички, одбранбениот играч го влечеше за дресот играчот од нападот спречувајќи очигледна шанса за гол.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и доделен ЦРВЕН картон за спречување очигледна шанса за гол.
На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Академија Пандев одигран на 11.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 35. минута.
Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски;
35. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Академија беше во посед на топката во шеснаесетникот на Тиквеш странично од голот, на него со лизгачки старт во нозете стартуваше голманот на Тиквеш и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри поради неспортски старт.
На натпреварот ФК Струга Трим Љум – ФК Скопје одигран на 11.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 52, 65. и 72. минута.
Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Христијан Џонов и Иле Мишевски;
52. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)
Играч од Струга центрираше кон соиграч шеснаесетникот на Скопје, соиграчот во моментот на центрирањето беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на Скопје и постигна гол.
Погрешна одлука на помошниот судијата што дозволи голот да се признае, бидејќи играчот на Струга во моментот на додавање се наоѓаше во недозволена офсајд позиција (беше понапред од претпоследниот одбранбен играч на Скопје)
65. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Скопје беше во посед на топката во шеснаесетникот на Струга, на него стартуваше играч од одбраната на Струга и направи прекршок (старт на нога).
Погрешна одлука на главниот судија што досуди слободен удар, стартот на одбранбениот играч на Струга беше зад линијата од шеснаесетникот и требаше да биде досуден удар од 11 метри.
72. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
Играч од нападот на Струга шутираше кон голот на Скопје и постигна гол, меѓутоа во моментот на шутот пред голманот, односно во неговото видно поле стоеше соиграч на играчот на Струга и му пречеше во неговата реакција.
Исправна одлука на помошниот судија, голот исправно поништен и досудено офсајд позиција, бидејќи во моментот на шут, играчот на Струга преќеше во видното поле на голман.
На натпреварот ФК Победа – ФК Брегалница одигран на 11.09.2022 година анализирана е ситуацијата од 90+1 минута.
Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;
90+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден слободен удар)
Играч од одбраната на Победа и играч од нападот на Брегалница беа во борба за топка во голмански простор, при што играчот од нападот од зад грб со раце го турна играчот од одбраната кој потоа паѓа и ја удира топката со рака.
Исправна одлука на главниот судија, досудено слободен удар за играчот од одбраната поради туркање од зад грб од противнички играч.
Судиска анализа за 4 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 2022/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 4. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Пелистер – ФК Гостивар одигран на 10.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 25. и 30. минута.
Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Лика Куштрим и Зоран Јанкуловски;
27. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка во шеснаесетникот на Гостивар, играч од екипата на Пелистер со глава ја додаде топката кон соиграч, во моментот кога соиграчот сакаше да игра со топката беше удрен со силен интензитет во долниот дел од стапалото од играч од екипата на гостите.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за стартот кој беше недозволен и со силен интензитет.
30. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на Гостивар центрираше странично од шеснаесетникот на Пелистер, на самата линија од шеснаесетникот, играч од екипата на Пелистер сакајќи да ја блокира топката го удри во телото (стомак).
Погрешна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри бидејки немаше елементи за тоа, топката го удри играчот во телото. Во оваа ситуација судијата не беше добро поставен и затоа имаше погрешна проценка.
На натпреварот ФК Воска – ФК Беса одигран на 10.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 56. и 63. минута.
Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев и Зоран Ангелов;
56. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на Беса во шеснаесетникот на Воска додаде топка до соиграч, на самото примање на топката дојде до минимален контакт со играч од екипата на Воска и тој контакт играчот го искористи да падне сакајќи да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација судијата беше одлично поставен.
63. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА ГЛАВЕН СУДИЈА И ПРВ ПОМОШЕН СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон).
Додадена долга топка кон шеснаесетникот на екипата на Беса, голманот на Беса го напушти својот шеснаесетникот и на околу 30 метри централно од својот гол ја фати топката со раце спречувајќи го играчот од екипата на Воска кој беше во очигледна шанса за гол.
Исправна одлука на главниот судија и одлична соработка со првиот помошен судија кој даде правилна информација, доделен ЦРВЕН картон за голманот кој игра со раце надвор од својот шеснаесетникот, спречувајќи очигледна шанса за гол.
На натпреварот ФК Арсими – ФК Охрид одигран на 10.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 45. минута.
Главен судија: Александар Василевски; Помошни судии: Влатко Ѓошевски и Филип Николов;
45. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на Охрид беше во посед на топка во шеснаесетникот на Арсими, паралелно со него имаше играч од одбраната на Арсими, играчот на Охрид си даде долг фор на топката и кога виде дека не може да ја стигне после два метра падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Слога Виница – ФК Саса одигран на 10.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 23. и 27. минута
Главен судија: Бенјамин Керими; Помошни судии: Дејан Димитриевиќ и Филип Ицковски;
23. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на Слога прими топка странично свртен на пет метри од голот на Саса, играч од екипата на Саса минимално со една рака го повлече играчот, кој тој контакт го искористи сакајќи да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, контактот беше минимален и со една рака, недоволен за да се досуди удар од 11 метри.
27. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на Слога беше во посед на топка на самата линија од шеснаесетникот на Саса, странично од голот и со грб свртен. Зад него стоеше одбранбен играч од екипата на Саса и дојде до минимален контакт, кој играчот сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на судијата што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален и без интензитет за да се досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација судијата беше одлично поставен.
На натпреварот ФК Кожув – ФК Детонит одигран на 10.09.2022 година анализирани се ситуациите од 7. и 47. минута.
Главен судија: Стојанче Стојанов; Помошни судии: Климент Ристоски и Јован Анѓелкоски;
7. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на Кожув ја прими топката во шеснаесетникот странично од голот на гостите, до него на половина метро растојание стоеше играч од екипата на Детонит, сакајќи да ја додаде топка до соиграч топката го удри играчот од гостите во рака која му беше во природна положба и многу кратка дистанца (половина метро).
Исправна одлука на судијата што дозволи играта да продолжи бидејќи раката на играчот беше во природна положба и многу кратка дистанца.
47. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Додадена топка во шеснаесетникот на екипата на Детонит, во моментот кога играчот од нападот на Кожув сакаше да игра со топката беше удрен со силен интензитет во долниот дел од стапалото од играч од екипата на гостите.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за стартот кој беше недозволен и со силен интензитет.
На натпреварот ФК Вардар – ФК Борец одигран на 10.09.2022 година анализирана е ситуацијата од 45+1 минута
Главен судија: Пларент Салихи; Помошни судии: Дарко Јовчевски и Идриз Идризи;
45+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)
Играч од нападот на екипата на Вардар прими топка странично од голот на Борец , во моментот кога му беше додадена топката беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Борец, ја центрираше топката во шеснаесетникот и негов соиграч постигна гол.
Исправна одлука на помошниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи во момент на додавање на топката од соиграч играчот од екипата на Вардар беше во линија со претпоследниот играч на Борец. Голот е регуларен.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.