Тодоровски на местото на Николов во Комисијата за натпреварување при РФМ

159

Ракометната федерација на Македонија информира дека во иднина функцијата на Комесар за натпреварување ќе му припадне на Благојче Тодоровски, кој доаѓа на местото на Славе Николов со кого спогодбено ја ракинале соработката.

„Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено ја раскинаа соработката со Ракометна Федерација на Македонија во делот на спороведување на програмските активности, упатуваме благодарност за досегашната соработка и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера.

Согласно член 35 од Статутот на РФМ,односно  Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван г-дин Благојче Тодоровски на место на г-дин Славе Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ,  ракометен  меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво“, се вели во известувањето на РФМ.

ПретходноОткако Ливерпул едвај се „отараси“ од него, Њукасл сега го враќа во Премиерлигата
Следно За една недела скоро 20 милиони денари кај играчите на ВИДЕОЛОТАРИЈА!