Фото на денот: Играчите на Струга ТЛ со торта му го честитаа роденденот на тренерот Захариевски!

886

Кога се победува во серија се е супер, посебно кога имаш седум триумфи во низа, кога имаш седум од седум. Па така и атмосферата во тимот, во клубот, е на највисоко ниво.

Така е во таборот на Струга Трим Лум, лидерот на табелата. Инаку пред денешниот тренинг играчите на Струга ТЛ му приредија мало изненадување на својот шеф Срѓан Захариевски. Тие со торта му го честитаа роденденот. Имено денеска стратегот на стружани, некогашниот репрезентативец на Македонија, некогашен фудбалер на Силекс, Штутгарт, Вардар… денеска слави роденден, полни 49 години.

Секако дека и “Спортмедиа“ му го честита роденденот на популарниот Срле.

ПретходноОдложеното коло во Премиерлигата ќе се одигра дури во април?
СледноВтор меморијален меѓународен турнир „Драган Василов Цевка“