Диего Коста се врати во Премиер-лигата!

73

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон денеска го потврди трансферот на Диего Коста.

Шпанскиот напаѓач дојде како слободен играч, потпиша договор до крајот на сезоната, бидејќи нововлезениот Саша Калајџиќ се повреди и ќе отсуствува неколку месеци.

Така Коста по пет години се врати во Премиер-лигата, откако во периодот од 2014 до 2017 година настапуваше за Челзи и во тој период одигра 89 натпревари, постигна 52 гола и забележа 18 асистенции.

Коста играше за Брага и Ваљадолид, но се прослави дури кога го облече дресот на Атлетико Мадрид во 2012 година, по бројните позајмици од мадридскиот клуб.

Од Атлетико замина во Челзи, а од Лондон се врати во Мадрид, за подоцна да заигра за Атлетико Минеиро, со кого зимоска го раскина договорот.

Прашање е колку ќе биде физички подготвен Шпанецот, но „волците“ решија да му веруваат до крајот на актуелната сезона.

 

ПретходноМарковски не е веќе тренер на Работнички!
СледноВасилевски: Одигравме она што се договоривме, ги неутрализиравме нападите на битолчани!