Аргентина е нов кошаркарски шампион на Америка, САД само трети

293

Кошаркарската репрезентација на Аргентина го совладаа домаќинот Бразил со 75:73 и го освои Америкупот, односно континенталното првенство на Северна, Централна и Јужна Америка. Ова е нивна трета шампионска титула во Америка, а прва од 2011 година.

Победничкиот кош за Аргентина го постигна Габриел Дек на 17 секунди до крајот, а пред сирената Лукас Диас промаши тројка која ќе им ја донесеше титулата на Бразилците. Дек постигна 20 поени во финалето и беше прогласен за МВП на натпреварувањето, додека Витор Бените беше најдобар стрелец во Бразил со 18 поени.

Во мечот за третото место, селекцијата на САД беше подобра од Канада со 84:80 и го освои деветиот медал на Америкупот, но прв бронзен. Двете репрезентации на Америкупот настапија без НБА ѕвездите, а Американците во натпреварот за бронзениот медал ги предводеше Гери Кларк со 18 поени.

Покрај Дек кој беше прогласен и за најкорисен кошаркар на првенството, во првата петорка на шампионатот се најдоа неговиот сонародник Факундо Кампацо, Бразилецот Јаго Сантос, Американецот Норис Кол и Канаѓанецот Далано Бантон.

ПретходноИталија е новиот светски шампион во одбојка
СледноКрајова победник на меѓународниот одбојкарски турнир во Струмица