Зоран Даноски попладнево на меч од Суперлигата на Србија, беше стрелец на убав гол за својот тим Радник од Сурдулица. Имено на гостувањето кај Јавор, Македонецот во таа 76.минута стрелаше за водство на неговиот тим за 1:2, сепак до крајот Јавор успеа да израмни на 2:2.
Да споменеме дека по три сезони, Даноски минатиот месец се врати во Радник Сурдулица.