Чави за мечот со Баерн: Чувствувам дека можеме да победиме

185

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез се надева дека неговата екипа на утрешната пресметка во Лигата на шампионите со Баерн Минхен на „Алијанц Арена“ ќе покаже ќе покаже карактер и ќе се претстави подобро од минатата сезона кога загубија со 3:0 на гостувањето кај германскиот шампион.

Ќе бидам среќен ако дадеме се од себе на теренот утре. Се надевам, но сме поминале низ секакви работи, а во многу случаи тие ни биле лоши. Ова е добар натпревар за да се покаже карактер. Во Барса треба да се докажуваш секој ден, тоа го знаат фудбалерите.

Минатата сезона мечевите против Баерн беа тешки за нас, но мислам дека сега можеме подобро. Но, колку и да зборувам, тоа мора да го покажеме на теренот.

Ништо не се менува во Минхен, дали ќе победиме, ремизираме или ќе загубиме. Еден натпревар не смее да носи заклучоци. Играме против еден од најдобрите тимови во светот и против многу голем тренер. Тоа се само три бода во групната фаза.

Знам дека ги немаме победено на нивен терен, што доволно говори за предизвикот што ни претстои. Но, ние ќе одиме во натпреварот со голем ентузијазам и во добра форма.

Сè изгледа поинаку во споредба со минатата година. Се подобривме во многу аспекти и се гледаме себеси способни да се натпреваруваме утре. Имаме чувство, ентузијазам и предизвик дека конечно можеме да победиме на овој натпревар. Да видиме дали можеме да ја промениме приказната и динамиката.

Роберт Левандовски ми изгледа многу добро, тој е многу мотивиран. Пред некој ден се одмори и ќе биде свеж. Замислувам како овој натпревар ќе биде многу посебен за него. Тој е мирен, зрачи со самодоверба и е природен лидер за тимот. Тој е многу важен играч за нас. Има талент за голови, но и фантастично разбирање за фудбалот“, прокоментира Чави на денешната прес-конференција.

Претходно„Волчицата“ триумфално во Емполи, супер гол на Дибала (видео)
СледноГерманија ја чека тешка задача: Како да го сопреме Адетокумбо? Не знам, бараме решение!