Адеми на „Сан Сиро“ слави јубилеј

161

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми на гостувањето кај Милан ќе прослави фантастичен јубилеј, а тоа е 100 европски натпревари во дресот на загрепскиот клуб.
Адеми е капитен, а тој беше и најдобриот фудбалер на Динамо во победата над Челзи (1:0) во 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Инаку Адеми во 99 досегашни натпревари во европските купови постигнал 13 голови. А нашиот фудбалер е далеку на првото место во оваа категорија затоа што зад него Самир има 76 натпревари за Динамо во Европа.
Мечот меѓу Милан и Динамо Загреб се игра во среда од 21:00 часот.

ПретходноСупер Мартин е најдобар играч во 11.коло во Суперлигата на Србија
СледноЕвертон доведе нов голман