Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо (З), Аријан Адеми на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Милан во Лигата на шампионите, вели дека очекува да го прослави со добар резултат својот јубилеен 100-ти меч во европските купови.
„Пристигнуваме во многу добра состојба, знаеме каков противник не очекува. Милан, клуб кој квалитетите ги покажа во своето првенство и во Лигата на шампионите. Се надевам дека добро ќе се држиме и дека среќни ќе се вратиме дома. За мене е голема работа овој јубилеј. Нормално дека ми значи многу. Се надевам дека ќе има повеќе настапи, но и оваа стотка ќе биде среќна, најсреќна“, вели Адеми.