Монца избори место во Серија А меѓутоа во воведните шест кола во новата сезона дури пет пати е поразена. Единствениот бод го освои против Лече 1:1 во претходното коло. Па така отказ доби тренерот Џовани Стропа, па на негово место ќе седне Рафаело Паладино кој досега ја предводеше младинската екипа на Монца.
Инаку, минатата сезона Монца преку Серија Б прв пат во историјата избори влез во елитното друштво. Клубот од 2018 година е во сопственост на Силвио Берлускони кој претходно долго време беше сопственик на Милан.