Се е договорено: Фјури vs. Џошуа на 3 декември

318

Откако Тајсон Фјури минатиот месец се врати од пензија и ги повика Олександр Усик и Дерек Чисора на борба, се чини дека на крајот ќе боксува против неговиот сонародник, Ентони Џошуа.

Усик изјави дека најверојатно нема да боксува повторно оваа година и ќе биде подготвен да се врати во рингот дури следната година. Фјури и неговиот тим контактираа со Ентони Џошуа, кого Усик го победи минатиот месец во Саудиска Арабија.

Џошува сега не поседува ниту една светска титула, но сè уште припаѓа на самиот врв во тешка категорија, и се уште е веројатно најголемата ѕвезда во тешка категорија. Дуелот на двајца британски тешкаши би бил апсолутен спектакл и сите со задоволство би го гледале.

Во изминатите неколку дена и двајцата го потврдија интересот за меѓусебна пресметка, а од тимот на Џошуа стигна информација дека ги прифатиле условите на Тајсон Фјури и неговите претставници.Има најава дека борбата да се одржи на 3 декември.

ПретходноКанте ја одбил понудата на Челзи за продолжување на договорот
СледноЛШ: Интер рутински во Плзен, Спортинг во судиското продолжение го шокираше Тотенхем (ВИДЕО)