Интернет светската сензација, Хазбула Магометов, 19. годишниот Дагестанец, потпиша милионски договор со УФЦ кој е со траење од пет години.
Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт изјави дека просто го обожава Хазбула бизнис и маркетинг опциите со него се бесконечни. Тој рече дека не е исклучено во иднина Хазбула и да влезе во октагонот и да ги одмери силите со некој противник рамен на неговите можности.
За оние кои не се запознаени со ликот и делото на Хазбула, (реално, малкумина се таквите) тоа е 19. годишно момче кое има здравствено пореметување и наликува на мало дете. Сепак, тој од овој негов хендикеп извади максимум стана интернет светска сензација и допрва ќе се слушне за него, затоа што почна да потпишува милионски спнзорски договори.