Францускиот репрезентативец Антоан Гризман би требало да стане нов играч на Атлетико Мадрид по репрезентативната пауза на крајот на овој месец, пишува L’Equipe.
Гризман моментално е на позајмица во Атлетико, а е под договор со Барселона. Неговата позајмица би требало да истече за една година, но францускиот весник пишува дека клубовите преговараат за неговиот трансфер вреден 25 милиони евра.
Ова ќе биде вторпат како Атлетико купува Гризман. За прв пат го доведоа во 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра, а пет години подоцна го продадоа на Барселона за 120 милиони евра, што е рекорден трансфер на клубот во заминување. Вкупно, Гризман одигра 299 пати за клубот од Мадрид, постигна 144 гола и 57 пати асистираше. Со него ја освои Лигата на Европа, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.