Дуелот меѓу Марсеј и Ајнтрахт Франфурт во рамките на 2. коло во Лигата на шампиони е во втор план по синоќешните случувања низ улиците на францускиот град. Навивачите на двата клуба физички се пресметаа.
Наводно, во Марсеј пристигнале околу осум илјади навивачи на тимот од Германија, од кои некои се големи ултраси.
Иако овој меч беше означен како натпревар од висок ризик поради двете навивачки групи, полицијата повторно не си ја заврши работата добро.
Така жителите на Марсеј синоќа немаа мирна ноќ, откако доцна синоќа дошло до голема тепачка меѓу навивачи на двата клуба.
Во текот на денешниот ден ќе бидат познати детали, се чека извештај од полицијата.
Што се случуваше во Марсеј можете да видите на следниот линк.
France. 12.09.2022
Street clash between Marseille vs. Eintracht Frankfurt the night before the game. pic.twitter.com/XYYw39i1L4— HooligansTV (@HooligansTV_eu) September 12, 2022