Возачот на Вилијамс се борел за живот, рутинската операција се искомплицирала!

165

Алекс Албон минатиот викенд не возеше за Вилијамс во Монца бидејќи имаше проблеми со слепото црево, но малкумина претпоставуваа дека ситуацијата е толку сложена што дури сега медиумите во Велика Британија пишуваат дека тој дури се борел за негов живот.

Албон викендов беше опериран, но имал неочекувани постоперативни компликации, лекарите навреме реагирале. Тој имал реакција на анестезијата што придонело да колабирање на респираторниот систем. Веднаш бил интубиран и ставен на машина за дишење и префрлен на интензивна нега.

„По операцијата, Алекс имаше неочекувани постоперативни компликации со анестезија кои доведоа до респираторна инсуфициенција, позната, но ретка компликација. Тој беше повторно интубиран и префрлен на интензивна нега“, се додава во соопштението на Вилијамс, кој многу транспарентно известува за својот најдобар возач.

„Албон постигна одличен напредок во текот на ноќта по операцијата, веќе е исклучен од респираторната помош. Немаше други компликации“.

Албон ќе биде подготвен за следната трка во Формула 1 која ќе се одржи во Сингапур на 2 октомври. Изминатиот викенд на „Монца“ го менуваше Ник де Врис, кој го освои 9. место.

ПретходноМилевски одбра за Грузија и Бугарија
СледноЃоковиќ му испрати порака на Алкараз по освојувањето на титулата!