Германија ја чека тешка задача: Како да го сопреме Адетокумбо? Не знам, бараме решение!

185

По еден ден одмор, денеска ќе се одиграат два четвртфинални натпревари на Европското првенство. Шпанија против Финска ќе бара билет за полуфиналето (17:15 часот), додека Германија игра против Грција (20:30 часот).

Во центарот на вниманието е втората средбата. Селекторот на земјата домаќин на континенталното натпреварување, Гордон Херберт ќе има голем проблем доколку одбраната не го сопре, Јанис Адетокумбо.

„Првата работа е дефанзивната транзиција и тоа ќе биде многу важен фактор. Втората работа е да се запре Јанис. Како ќе го направиме тоа? Не знам, се надевам дека на денот на натпреварот ќе најдам решение. И третата работа, треба да излеземе и да ја играме нашата игра“, рече Херберт, кој додаде: 

„Играме против една од најдобрите репрезентации во светот, која го има еден од најдобрите кошаркари на планетата. Што се однесува до повредите, овој турнир за нас е како патека за опстанок, работевме со девет играчи и ќе видиме во кој состав ќе излеземе на теренот“, заклучи Херберт.

Што се однесува до другите две четвртфинални двојки кои ќе се играат во среда, први ќе стапат Франција и Италија (17.15 часот), а потоа Словенија и Полска (20.30 часот).

ПретходноЧави за мечот со Баерн: Чувствувам дека можеме да победиме
Следно„Дејли мејл“ има нов доказ, една репрезентација може нема да го види Катар!