Тимот на Евертон потпиша краткорочен договор со голманот Елдин Јакуповиќ поради повредите на Џордан Пикфорд и Енди Лонгеран , објавија од клубот. Јакуповиќ доаѓа во тимот како слободен играч по заминувањето од Лестер ова лето , каде ги мина последните пет години.
Јакуповиќ е роден во БиХ но е интернационалец на Швајцарија. Го носеше дресот на Грасхоперс, Локомотив Москва, и Хал Сити.
We have signed goalkeeper Eldin Jakupovic on a short-term contract following recent injuries to Jordan Pickford and Andy Lonergan.#EFC 🔵
— Everton (@Everton) September 13, 2022