На денешната прес конференција селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски соопшти дека во план се одигрување на неколку пријателски средби во следниот период. Истите ќе имаат за задача да се види со каков репрезенаттивен потенцијал се располага пред се кога се во прашање домашните играчи.
Па така, на 22 октомври договорен е пријателски дуел со репрезентацијата на Саудиска Арабија и тоа на гостински терен. Следува на 17. ноември дуелот против Финска но овојпат кај нас, додека пак на 20. ноември планиран е дуелот и против Азербејџан за што чекаме сеуште потврда од тамошната федерација.
Сите овие дуели ќе бидат можност да се види пред се квалитетот на домашните фудбалери како и на оние репрезентативци кои се со предзнак потенцијални.