Канте ја одбил понудата на Челзи за продолжување на договорот

105

Францускиот играч за врска Нголо Канте ја одби понудата на Челзи за продолжување на договорот со клубот, пренесува „Атлетик“. Французинот има договор до 2023 година, а по истекот може да стане слободен фудбалер и без отштета да се пресели во друг клуб.
Челзи сака да го задржи но преговорите не одат во добра насока. Според „Атлетик“ Челзи му понудил на Французинот договор на 2+1 година. Сепак, 31-годишниот фудбалер не се согласува на тоа и сака минимум тригодишен договор плус можност за уште една (3+1).
Инаку статистички гледано Челзи добил 58,5% од премиерлигашките натпревари кога Канте играл, а без него тој процент е спуштен на 47,5% што е една потврда колку е важен Французинот во средниот ред на тимот. Моментално Канте се лекува од повреда и не е достапен на тимот.

ПретходноИди ми дојди ми – Квеироз ќе го предводи Иран на СП во Катар
СледноСе е договорено: Фјури vs. Џошуа на 3 декември