На „Алијанц“ е шлагот на вечерта, Левандовски против своите поранешни соиграчи

134

Вечерва стартува 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Дефинитивно мечот на вечерта е дуелот на поранешните европски шампиони Баерн Минхен и Барселона. Мечот е закажан на „Алијанц арената“ од 21:00 часот.

Баерн победи против Интер во 1.коло и тоа на „Сан Сиро“ но потоа ремизираше со Штутгарт со што се појави доза на немир во нивните редови откако неколку играчи биле незадоволни од тактичките замисли на тренерот Јулијан Нагелсман.
Барселона го совлада Плзен со 5:1, потоа го совлада и Кадиз со 4:0 и во добра форма доаѓа на „Алијанц“ каде што никогаш нема победено. Тренерот Чави пред мечот порача дека чувствува дека неговта екипа може да слави во Минхен.

Од друга страна ќе биде интересно да се види дуелот меѓу Роберт Левандовски и неговите поранешни соиграчи од Баерн. Полјакот долго време се обидуваше да „избега“ од Баерн и успеа во тоа за да се пресели во Барселона. Ждрепката ги спои Барса и Баерн, па Лева ќе го гледаме против својот екс-клуб вечерва.
Ливерпул по катастрофата против Неапол ќе се „вади“ против Ајакс на свој терен. Иако има неколку повредени фудбалери и е во лоша форма, Јирген Клоп се надева на победа и пресврт на сезоната.

ЛШ, 2.КОЛО
ГРУПА А
ЛИВЕРПУЛ – АЈАКС 21:00 ч.
РЕНЏЕРС – НАПОЛИ среда, 14.09.2022
ГРУПА Б
ЛЕВЕРКУЗЕН – АТЛЕТИКО 21:00 ч.
ПОРТО – БРИЖ 21:00 ч.
ГРУПА Ц
БАЕРН – БАРСЕЛОНА21:00 ч.
ПЛЗЕН – ИНТЕР 18:45 ч.
ГРУПА Д
СПОРТИНГ – ТОТЕНХЕМ 18:45 ч.
МАРСЕЈ – АЈНТРАХТ Ф. 21:00 ч.

ПретходноРекордот на Кирил Лазаров предизвик за ѕвездите и во новата сезона во Лигата на шампиони!
СледноМонца врти нов лист: Отказ за Стропа, на клупата седнува Паладино