Реми со многу голови против Албанија

306

Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија.

Контролната средба беше одиграна на стадионот на ФК Караорман во Струга, а конечниот резултат гласи 3:3.

Мечот се одигра во одлична фудбалска атмосфрера, напаѓаќки фудбал и многу голови. Иако имавме водство од 3:1, сепак на крајот мораше да се задоволиме само со реми.

Противникот успеа да се спаси од пораз, постигна два гола во самиот финиш по наши грешки и пад на концентрација. Головите за Македонија ги постигна Мухамед Елмас, Андреј Велков и Алтин Али.

Вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат во среда во 16. часот, во Елбасан, Албанија.

Македонија: Вргов,Мемиши,Велков,Љубевски, Стојковски, Подграѓа, Елмас, Јовановиќ,Алији, Манојлов,Ајетовиќ

ПретходноЗакажани пријатески со С.Арабија и Финска, се чека и на Азербејџан
СледноХазбула со милионски договор со УФЦ