Томас Тухел се најде на списокот на слободни тренери откако се раздели со Челзи по поразот од Динамо Загреб од 1-0 во воведното коло од Лигата на шампионите. Сепак, неговиот статус може да се промени со заминување во клуб чија историја е поголема од онаа на Челзи.
Шпанските медиуми ја споменуваат можноста Тухел да седне на клупата на Реал Мадрид, најверојатно веќе следното лето. Многу работи ќе зависат од резултатите на клубот и ситуацијата со Карло Анчелоти, кој е договорно врзан до летото 2024 година, но Тухел е опција и тоа сериозна.
„Суперклубовите имаат навика да назначуваат тренери кои се сосема спротивни од нивните претходници“, пишува Атлетик, додавајќи дека германскиот стручњак ќе има многу понуди следното лето, а потоа го истакнува ова: „Можеби ќе се појави можност ако Анчелоти си замине пред истекот на договорот“.
Откако ги водеше Аугсбург и Мајнц, Тухел беше тренер на Борусија Дортмунд и ПСЖ пред да се приклучи на Челзи минатата година. Освои трофеи со последните три клуба, а најзначајниот беше со Челзи, со кој ја освои Лигата на шампиони во сезоната 2020/2021.