Ужас во Аргентина: Еден навивач убиен, 13 полицајци повредени

144

36-годишен навивач е убиен во Тукуман, град во северозападна Аргентина, по насилството кое го предизвикаа навивачите од истиот клуб од втората лига на Аргентина.

Убиството се случило за време на расправија меѓу ривалските фракции на Атлетико де Тукуман, а според претседателот на клубот жртвата била застрелана од зад грб во вратот. Локалното обвинителство отвори истрага за убиство од прв степен, а сторителот е веќе идентификуван.

Во исто време во Буенос Аирес, петнаесет лица беа уапсени, а тринаесет полицајци беа повредени во понеделникот вечерта, за време на судирите што се случија кога гневните навивачи на второлигашот Нуева Чикаго се обидоа да влезат во соблекувалната по поразот на нивниот тим со 2-3 од Алмагро.

ПретходноЛШ: Барса капитулираше во Минхен, Ливерпул низ „иглени уши“ (ВИДЕО)
СледноЛевандовски помина покрај новинарите и „изусти“ само една реченица (ВИДЕО)