Уште еден фаворит заврши со Евробаскетот: Германија во полуфинале, Грција си оди дома

131

По Србија уште еден голем фаворит за златото предвреме гоз аврши Евробаскетот. Селекцијата на Грција вечерва во второто четвртфинале во Берлин беше прегазена од домашната Германија (107-96), која на крилата на Денис Шрудер успеа да го запре Јанис Адетокумбо и неговите момци и да ја однесе Германија меѓу четирите најдобри европски селекции за првпат по пауза од 17 години.

Шрудер и овие момци од селекцијата на Германија во многу нешта потсетуваат на шампионската генерација од 1993 година, која ја направи Германија за првпат и единствен досега, европски шампион. Вечерва покрај Шрудер кој заврши со 26 поени, одлично издание имаа и Вагнер и Обст кои средбата ја завршија со по 19 реализации.

И покрај 31постигнат поен, Адетукумбо не успеа да ја понесе Грција кон полуфиналето. Германија на патот го големото финале за противник ќе ја има Шпанија.

ПретходноЈугослав Тренчовски не е веќе тренер на Ал Араби!
СледноЛШ: Барса капитулираше во Минхен, Ливерпул низ „иглени уши“ (ВИДЕО)