Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз неодамна ја освои својата прва Грен слем титула во кариерата откако во финалето на УС Опен го победи Каспер Руд.
19-годишниот Шпанец на тој начин го освои првото место на новата АТП листа, со што стана најмладиот тенисер што некогаш се искачил на врвот во машка конкуренција.
По ова големо достигнување, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испрати честитка до Алкараз. Новак на Инстаграм објави честитка со фотографија од Алкараз, кој позира во Њујорк со трофејот.
„Ти честитам за првата Грен слем титула. Неверојатен настап“, напиша Ѓоковиќ.
Djokovic with a message for Alcaraz. pic.twitter.com/UnIGzzLFRN
— José Morgado (@josemorgado) September 12, 2022