Генгамп го победи Мец со 6:3 во осмото коло од втората француска лига. На мечот покрај деветте гола, имаше и три исклучувања, пет жолти картони и прекин од 25 минути поради навреди кон судијата.
За домаќините мечот почна добро, Мец поведе во втората минута по автоголот на Винсент Мансо.
Сепак, Џереми Ливолант израмни од пенал пет минути подоцна. Нов гол беше постигнат во десеттата минута кога Абли Жалоу погоди за 2:1, а во 16.минута гамбискиот напаѓач го постигна третиот гол за Мец. По четирите гола во првите 16 минути се чинеше дека домашните лесно ќе освојат бодови, но потоа почна серија на неверојатни глупости на играчите на Мец.
“Got the ball ref!”
Metz’s 3rd red card v Guingamp tonight – possibly the worst “tackle” I’ve ever seen.
From 3-1 up to 3-5 down and down to 8 men. https://t.co/AcEAlPdDY7
— Julian Canny (@juliancanny) September 12, 2022
Во 31. минута домашниот стопер Кики Кујате доби жолт картон, а потоа фрли нешто кон судијата и поради тоа беше исклучен. Генгамп во 45. минута намали на 3:2, а голот го постигна Стивен Кумпер. Само две минути подоцна црвен картон доби и домашниот голман Александре Оукиџа. Гаетан Куртет беше сигурен од белата точка за 3:3.
Во 56. минута домашните останаа без трет играч. Поради опасен старт, Жан Жак Данли доби црвен картон.
По ова судијата Пјер Гејлост го прекина мечот и ги испрати тимовите во соблекувалните откако еден навивач се качил на оградата и му се заканувал на судијата.
Паузата траеше 25 минути, по што натпреварот продолжи со 11 наспроти осум играчи. Генгамп ја искористи предноста на теренот постигнувајќи уште три гола до крајот.
23. 🇫🇷 Metz 3-6 Guingamp (12/09) pic.twitter.com/92UHQZwelq
— la ouass (@la_ouass) September 12, 2022
Со оваа победа Генгамп се искачи на шестото место со 13 бодови, Мец е осми со 11 бодови.
0 vanne Kouyate a pris rouge sur ça pendant que Kimpembe a le droit de toucher un arbitre 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/kv1kMwe76S
— la ouass (@la_ouass) September 12, 2022