„Дејли мејл“ има нов доказ, една репрезентација може нема да го види Катар!

458

До стартот на Светското првенство во Катар остануваат нешто повеќе од два месеци или поточно 68 дена. Главна тема повторно е исфрлање на една од земјите учеснички на Мундијалот, а тоа е Еквадор.

Британскиот „Дејли мејл“ има документи и аудио снимки од 2018 година кои потврдуваат дека Бајрон Кастилјо е роден во Колумбија и дека добил нов идентитет за да настапува за Еквадор. Тој признал дека фалсификувал документи во договор со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Еквадор.

Потврдено е дека е роден во 1995 година во Колумбија, а не во 1998 година во Еквадор, додека во целиот процес на „промена на биографијата“ му помогнал Марко Замбрано, влијателен еквадорски претприемач и сопственик на фудбалски клуб. На видеото се слуша како Бајрон Кастиљо потврдува дека Марко Замбрано му помага околу документацијата, па останува да се види дали ФИФА ќе превземе нешто или целосно ќе ги игнорира новите докази.

Останува да видиме дали тоа сега ќе ги чини пласман на Светското првенство бидејќи Чиле се уште се надева дека не е доцна и можеа да „скокнат“ на нивното место.

Еквадор е во групата „А“ против Катар, Холандија и Сенегал.

ПретходноГерманија ја чека тешка задача: Како да го сопреме Адетокумбо? Не знам, бараме решение!
СледноСледната работа на Тухел ќе биде најголема во неговата кариера!