Добра вест за Интер: Лукаку по репрезентативната пауза се враќа на терен

71

Добри вести за Интер. Ромелу Лукаку наводно покажал напредок во закрепнувањето од мускулната повреда и треба да се врати на терените по паузата за репрезентативни настапи.

Напаѓачот се повреди на тренинг непосредно пред градското дерби со Милан, по што му беше дијагностицирана лезија на флексорите на левата бутина.

Тој се врати во Белгија на лекување и дополнителни тестови, вклучително и работа со националниот тим. Според Скај Италија, Лукаку имал уште еден преглед во Белгија и тој покажало дека процесот на заздравување е добар. Лукаку нема да биде подготвен за гостувањето овој викенд кај Удинезе, но треба да се врати во таборот на Интер по паузата за репрезентативни обврски.

ПретходноЛШ: Интер рутински во Плзен, Спортинг во судиското продолжение го шокираше Тотенхем (ВИДЕО)
СледноШкотите не ја фермаат УЕФА: И покрај забраната, ќе ја интонираат британската химна