Иди ми дојди ми – Квеироз ќе го предводи Иран на СП во Катар

116

Португалскиот стратег Карлос Квеироз се враќа на кормилото на Иран и тоа на помалку од два месеци од почетокот на Светското првенство во Катар. Квеироз ќе го наследи Драган Скочиќ кој го предводеше Иран во азиските квалификации, а потоа доби отказ откако Фудбалската федерација процени дека со него репрезентацијата не може да направи нешто на Мундијалот.
Па така од Федерацијата се свртеа кон Квеироз кој претходно работеше со Иран од 2011 до 2019 година и го предводеше на СП 2014 и СП 2018.
Кога ќе те повика фамилијата да се вратиш дома, тогаш мора да го направиш тоа. Спремен сум да го предводам Иран на СП. Ајде да направиме сензација, да створиме иднина“, изјави Квеироз.
Иран го почнува СП против Англија на 21 ноември во групата Б, а потоа ќе игра со Велс и против САД.

ПретходноШпанците го имаа лекот за Финците и се пласираа во полуфинале
СледноКанте ја одбил понудата на Челзи за продолжување на договорот