Францускиот играч за врска Нголо Канте ја одби понудата на Челзи за продолжување на договорот со клубот, пренесува „Атлетик“. Французинот има договор до 2023 година, а по истекот може да стане слободен фудбалер и без отштета да се пресели во друг клуб.
Челзи сака да го задржи но преговорите не одат во добра насока. Според „Атлетик“ Челзи му понудил на Французинот договор на 2+1 година. Сепак, 31-годишниот фудбалер не се согласува на тоа и сака минимум тригодишен договор плус можност за уште една (3+1).
Инаку статистички гледано Челзи добил 58,5% од премиерлигашките натпревари кога Канте играл, а без него тој процент е спуштен на 47,5% што е една потврда колку е важен Французинот во средниот ред на тимот. Моментално Канте се лекува од повреда и не е достапен на тимот.