ЛШ: Барса капитулираше во Минхен, Ливерпул низ „иглени уши“ (ВИДЕО)

179

Во дербито на денот во 2. рунда од Лигата на шампионите, фудбалерите на Баерн (М) со 2:0 славеа над Барселона и ја потврдија позицијата на еден од ТОП 3 фаворитите за освојување на најсилното европско натпреварување годинава. Момците на Јулијан Нагелсман практично за 4 минути го добија мечот, откако најпрвио Лукас Ернандез во 50. минута погоди со глава за 1:0, а само четири минути подоцна Лерој Сане ги постави конечните 2:0.

Ливерпул во последните моменти на домашен терен успеа да го „скрши“ Ајакс и со голот на Матип да слави со 2:1 за прва победа во групата. Салах погоди за 1:0 во првиот дел, но гостите успеаја со еден прекрасен гол на Кудус да израмнат на 1:1 и да го одржуваат резултатот до самиот крај.

Најпријатното изненадување вечерва го приреди Бриж кој го „сомле“ Порто на гостински терен со високи 4:0. Атлетико (М) загуби на гости во Леверкузен кај Баерн со 2:0, а гостинска победа обезбеди и Ајнтрахт (Ф) кој славеше против Олимпик (М) на „Велодром“ со 1:0.

Фудбал, Лига на шампиони – 2.коло

Група А

21.00 Ливерпул – Ајакс 2:1

Утре: Ренџерс – Наполи

Група Б

21.00 Баер Л. – Атлетико Мадрид 2:0

21.00 Порто – Бриж 0:4

Група Ц

18.45 Викторија Плзен – Интер 0:2

21.00 Баерн Минхен – Барселона 2:0

Група Д

18.45 Спортинг – Тотенхем 2:0

21.00 Марсеј – Ајнтрахт Ф. 0:1

ПретходноУште еден фаворит заврши со Евробаскетот: Германија во полуфинале, Грција си оди дома
СледноУжас во Аргентина: Еден навивач убиен, 13 полицајци повредени