Рекордот на Кирил Лазаров предизвик за ѕвездите и во новата сезона во Лигата на шампиони!

183

Утре и официјално стартува новата сезона во Лигата на шампиони. После долго време во ова натпреварување нема да имаме ниту еден македонски тим, откако летово ЕХФ го исклучи Вардар 1961 поради задоцнета уплата на долговите кон поранешни членови.

Единствен кој ќе ја претставува Македонија е Никола Митревски, кој е задолжен за мрежата на Порто.

На ден пред почетокот на новото ракометно уживање ЕХФ традиционално не потсетува на интересни моменти, рекорди низ бројки.

А кога сме кај бројките, тука во преден план е македонската гол-машина. Кирил Лазаров останува рекордер во ова натпреварување како ракометар со најмногу голови на ЕХФ Ф4 завршниците. 68 гола е бројката која Лазаров ја постигна на 14 меча на фајнл-фор завршниците, што го прави број еден стрелец на сите времиња.

Лигата на шампиони ја слави јубилејната 30 сезона, а бранител на титулата е Барселона. Шпанскиот тим успеа да стави крај на проклетсвото на Ф4, две години по ред се искачи на тронот, сега оди по нов историски чекор.

Лазаров е најдобар стрелец и во историјата на ова натпреварување, има 1363 гола, зад него на 1151 гол е Никола Карабатиќ. Тешко дека тој или некој друг и оваа сезона ќе ја стигнат македонската ракометна икона.

Каталонскиот гигант утре му гостува на Пик Сегед во првото коло, а покрај оваа двојка ќе се сретнат Кил – Елверум и Кјелце – Нант.

Македонскиот репрезентативец, Митревски игра против Висла на гости, дуелот е закажан за во четврток, кога ќе се сретнат уште Алборг – Целје, Динамо – Магдебург, Веспрем и ПСЖ.

ПретходноНова доза на навивачкото лудило: На сред меч пукаше со золја кон играчите (видео)
СледноНа „Алијанц“ е шлагот на вечерта, Левандовски против своите поранешни соиграчи