Следната работа на Тухел ќе биде најголема во неговата кариера!

774

Томас Тухел се најде на списокот на слободни тренери откако се раздели со Челзи по поразот од Динамо Загреб од 1-0 во воведното коло од Лигата на шампионите. Сепак, неговиот статус може да се промени со заминување во клуб чија историја е поголема од онаа на Челзи.

Шпанските медиуми ја споменуваат можноста Тухел да седне на клупата на Реал Мадрид, најверојатно веќе следното лето. Многу работи ќе зависат од резултатите на клубот и ситуацијата со Карло Анчелоти, кој е договорно врзан до летото 2024 година, но Тухел е опција и тоа сериозна.

„Суперклубовите имаат навика да назначуваат тренери кои се сосема спротивни од нивните претходници“, пишува Атлетик, додавајќи дека германскиот стручњак ќе има многу понуди следното лето, а потоа го истакнува ова: „Можеби ќе се појави можност ако Анчелоти си замине пред истекот на договорот“.

Откако ги водеше Аугсбург и Мајнц, Тухел беше тренер на Борусија Дортмунд и ПСЖ пред да се приклучи на Челзи минатата година. Освои трофеи со последните три клуба, а најзначајниот беше со Челзи, со кој ја освои Лигата на шампиони во сезоната 2020/2021.

Претходно„Дејли мејл“ има нов доказ, една репрезентација може нема да го види Катар!
Следно„Марка“ тврди дека ПСЖ ќе има проблем: Мбапе сепак не потпишал договор на три години?