Куп: Шкендија рутинирано, Шкупи славеше во Струмица, “пандевци“ го растурија Тетекс, Брегалница и Вардар убедливи…

408

Попладнево се одиграа единаесет натшревари од 1/16 финалето на Купот на Македонија. Шкендија победи со 0:3 на гостувањето кај Караорман, со головите на Вагнер, Нафиу и Елези. И Шкупи, големиот фаворит оди натаму и тоа со победа против Беласица со 1:3 во Струмица, со головите на Алварез, Сандеј, додека третиот гол беше постигнат во самиот финиш, за ставање точка на овој меч.

А.Пандев просто го растури Тетекс со 0:6, сигурни беа и Брегалница која со 0:3 кај Слога Виница и Вардар на гости кај Саса со 0:2.

ПретходноМилер на терен против Барса, крадците во неговиот дом
СледноФаворитите одат натаму: Познати сите осминафиналисти во Купот на Македонија