НБА го суспендираше сопственикот на Феникс Санс, Роберт Сарвер на една година и го казни со десет милиони долари. Тоа е втора најтешка казна во историјата на лигата, која во 2014 година го суспендираше доживотно тогашниот сопственик на ЛА Клиперс, Доналд Стерлинг, односно го принуди да ја продаде франшизата и да исчезне од светот на НБА.
Сарвер е еден од најконтроверзните сопственици во НБА-лигата, чие однесување со години ги лути американските медиуми. Против него пред десет месеци беше покрената истрага, а по нејзиното завршување, првиот човек на лигата Адам Силвер се одлучи за наведената казна. И додека американските медиуми и обожавателите на социјалните мрежи се жалат дека казната е прелесна, од НБА објаснуваат дека не е построга бидејќи нема докази дека неговото однесување било водено од расистички мотиви.
The NBA today issued the following statement: pic.twitter.com/jjlBK771PT
— NBA Communications (@NBAPR) September 13, 2022
Што направи Сарвер?
Сопственикот на тимот кој се пласираше до финалето на НБА во 2021 година, е обвинет за употреба на забранет термин кој се однесува на црнците и за бројни случаи на несоодветно однесување кон вработените.
„Тој се однесувал недолично кон вработените жени, користел коментари поврзани со секс на работното место, непримерни коментари за физичкиот изглед на работничките и другите жени, а во неколку наврати недолично физичко однесување кон вработените мажи.