Нов блескав настап: Симоновски постигна хет – трик за Дрита!

191

Марко Симоновски и натаму продолжува со своите блескави настапи во дресот на Дрита во шампионатот на Косово. Па така робусниот напаѓач, постигна хет-трик и речиси сам го победи Гњилане во меч од 7.коло, со оглед на тоа дека крајниот резултат беше 4:1 за тимот на нашиот интернационалец.

Инаку Симоновски првиот гол го даде во 45.минута, потоа во 45+2.минута постигна уште еден. Третиот беше во 69.минута за 4:0.

Да споменеме дека во изминатите 7 кола, Марко Симоновски успеа да постигне шест голови и со тоа сега се наоѓа на првото место на листата на стрелците во првенството на Косово.

ПретходноТрилер меч во Берлин: Италија во солзи, Франција во полуфинале!
СледноМЗТ Скопје ќе настапи на „Земун Куп“ во Белград