Завршија сите единаесет натпревари од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Фаворитите одат натаму, немаше ниту едно поголемо изненадување во оваа фаза. Ако не се смета победата на Фортуна над Борец со 5:3 и победата на Пелистер на гости кај Гостивар, кој играше со комбиниран состав.
Со комбинирам состав играше и Струга ТЛ во Неготино, но сепак успеа да го победи Вардар со 1:2 со головите на Јахја и Пере.
Секако дека треба да се одбележи и убедливата победа на Победа кај Карбинци со 0:6.
На мечот меѓу Коњаре и Работнички, кој започна нешто подоцна, гостите победија со 0:5.
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 ФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
Беласица – ШКУПИ 1:3
Коњаре – РАБОТНИЧКИ 0:5
ФОРТУНА – Борец 5:3
Каменица Саса – ВАРДАР 0:3
Караорман – ШКЕНДИЈА 0:3
Карбинци – ПОБЕДА 0:6
Гостивар – ПЕЛИСТЕР 0:1
Кожуф – ТИКВЕШ 0:2
Слога (В) – БРЕГАЛНИЦА 0:3
Тетекс – А.ПАНДЕВ 0:6
Вардар (Н) – СТРУГА ТЛ 1:2
*Со големи букви означени се екипите кои се пласираа во 1/8 финалето, а таму веќе се Македонија ЃП, Силекс, Скопје, Љуботен и Воска Спорт.