Дете со 13 години влезе во историјата на фудбалот во В. Британија! (ФОТО)

339

Кристофер Атертон, со само 13 години влезе во историјата на фубалот на Велика Британија. Атертон со само 13 години и 329 денови настапи на официјален сениорски меч и тоа Лига Купот на С. Ирска, за тимот на Гленавон. Неговивиот тим победи со тимот на Долингстаун, а Атертон влезе во второто полувреме и имаше дури и една асистенција.

Тој за речиси една година го урна стариот рекорд на Имон Колинс, кој во далечната 1980 година на 9 септември настапил за тимот на Блекпул кога има точно 14 години и 323 денови.

Image

ПретходноЛШ: Милан преголем залак за Динамо (З), реми на Шахтјор и Селтик (ВИДЕО)
СледноИ Италијанците незадоволни од судењето: ФИБА мора да направи нешто со судиите!