И Италијанците незадоволни од судењето: ФИБА мора да направи нешто со судиите!

125

Критиките кон судиите на Евробаскетот 2022 не престануваат. Италијанскиот репрезентативен крилен центар Николо Мели по денешниот пораз од Франција во четвртфиналето, ја критикуваше работата на судиите на целото Европското првенство.

„Обично не зборувам за судиите, но ФИБА мора да направи нешто. Не мислам само на натпреварот Италија – Франција. На Евробаскет 2022 имаше премногу очигледни и големи грешки“, изјави Мели.

Во полуфиналето Франција ќе се сретне со победникот од пресметката меѓу Словенија и Полска.

ПретходноДете со 13 години влезе во историјата на фудбалот во В. Британија! (ФОТО)
Следно„Федерер, Федерер, Федерер…и после го зае*ав!“ (ВИДЕО)