Непријатни вести доаѓаат од Катар, земјата во која за 67 дена ќе почне фудбалското СП. Имено информациите велат дека организаторот со соочува со големи проблеми, а најмногу на стадионот во Лусаил кој сеуште не бил во целост готов.
Пред некој ден се одржал пробен настан на тој стадион каде имало и гледачи на трибините, вкупно 78.000. Но дошло до голем хаос, со оглед на тоа дека тие не можеле да дојдат до вода, а се направиле и големи редови па малку недостигало да дојде до некој потежок инцидент. Во тие моменти гледачите просто молеле да бидат пуштени и да си одат од стадионот.