Денеска стартуваат натпреварите во Купот на Македонија,нашето најмасовно клупско натпреварување. Ќе се играат “само“ единаесет мечеви во 1/16 финалето со оглед на тоа дека пет екипи веќе обезбедија “службен“ влез во 1/8 финалето. Тоа се Македонија ЃП и Силекс како финалисти во последното куп финале, а Скопје, Љуботен и Воска Спорт зошто нивните противници го откажаа своето учество.
Дербито се игра во Г. Речица каде се среќаваат Гостивар и Пелистер, тоа ќе биде нивни нов дуел по само четири дена,откако во саботата среде Битола во меч од 4.коло во ВМФЛ гостиварци победија како гости.
Вардар и Шкупи имаа незгодни гостувања кај Каменица Саса и Беласица, додека Струга ТЛ не би требало да има никакви проблеми во Неготино.
Шкендија со новиот тренер Скендер Јонузи ќе му гостува на Караорман во Струга, додека Работнички оди во с.Петровец (Скопје) кај тимот на Коњаре.
Тетекс со А. Пандев ќе игра на стадионот “Пандев“ во Струмица,Брегалница ќе мора да се“поти“ во Виница, Тиквеш во Гевгелија кај Кожуф.Борец гостува кај Фортуна и Победа ќе бара пласман во следната фаза преку Карбинци.
Познато е дека во случај на нерешен резултат по истекот на 90 минути, нема да има продолженија, туку веднаш ќе се изведуваат пенали.
ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (15 Ч)
Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКУПИ
Г. Речица: ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
Струмица: ТЕТЕКС –А.ПАНДЕВ
Виница: СЛОГА (В) – БРЕГАЛНИЦА
М. Каменица:КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР
Гевгелија: КОЖУФ – ТИКВЕШ
Неготино: ВАРДАР (Н) – СТРУГА ТЛ
Карбинци: КАРБИНЦИ – ПОБЕДА
Скопје: ФОРТУНА – БОРЕЦ
Скопје: КОЊАРЕ – РАБОТНИЧКИ
Струга: КАРАОРМАН – ШКЕНДИЈА