Левандовски помина покрај новинарите и „изусти“ само една реченица (ВИДЕО)

650

Роберт Левандвоски враќањето во Минхен нема да го памети по убаво. Барселона на гостувањето кај Баерн беше поразена со 2-0 и покрај одличното прво полувреме. Каталонскиот гигант имаше шанси да постигне гол и тоа преку Левандовски, но веднаш стигна казна.

По завршување на мечот во центарот на вниманието беше Лева, камерите вперени во него. Тој во дресот на Баерн изгради светска слава и стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Полјакот го напушти стадионот без да даде изјава на медиумите, тој се поздрави само со еден човек. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта ги чекаше фудбалерите надвор, го гушна Лева, кој пак само кажа една реченица.

„Не беше лесно“, беше краткиот коментар на полскиот напаѓач.

ПретходноУжас во Аргентина: Еден навивач убиен, 13 полицајци повредени
СледноСелекторот на Грција збесна поради едно новинарско прашање!