Фудбалерите на Динамо (З) не успеаја да направат уште една сензација во Лигата на шампионите по премиерниот триумф над Челзи во Загреб. Вечерва на гостувањето во Милано, тимот на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски загуби од италијанскиот шампион со 3:1 во првиот меч од 2. коло во групата „Е“.
Милан одигра добар натпревар и се чини ја имаше контролата на мечот цели 90 минути. Со голот на Оливие Жиру во последната минута од првото полувреме, „росонерите“ дојдоа во водство од 1:0, по што на самиот старт на вториот дел Салемакерс погоди и за 2:0.
GOAL | MILAN 1-0 ZAGREB
Olivier Giroud did no mistake and score from the penalty spot #UCLpic.twitter.com/rjGKwItNgc
— FOOTY HUB (@FootyHub12) September 14, 2022
GOAL | MILAN 2-0 ZAGREB
Rafael Leão produces a lofted cross in the box, where Saelemaekers rises high to head the ball straight under the crossbar and beyond the goalkeeper #UCLpic.twitter.com/XW0dluS8iA
— FOOTY HUB (@FootyHub12) September 14, 2022
Динамо се врати во игра преку Оршиќ во 56. минута, но резервистот Побега по неполни 10 минути откако влезе во игра, во 77. минута погоди за 3:1.
GOAL | MILAN 2-1 ZAGREB
Petkovic plays in Orsic, who shows a great determination to get the ball before the couples of defender and from inside the box,
He slot in to the bottom right corner#UCLpic.twitter.com/d3QjFmfjAF
— FOOTY HUB (@FootyHub12) September 14, 2022
GOAL | MILAN 3-1 ZAGREB
Sensational !
Pobega shows his superb ability as he volley the ball from inside the box onto the underside of the crossbar and the net#UCLpic.twitter.com/dI2kg46dgk
— FOOTY HUB (@FootyHub12) September 14, 2022
Во вториот попладневен меч Селтик одигра 1:1 на гостувањето кај Шахтјор во Варшава. Гостите преку автголот на Бондаренко поведоа уште во 10. минута, а домашните успеаја да израмнат во 29. минута со голот на младиот Мудрик.