НБА-лига ја изрече втората најголема казна во историјата!

362

НБА го суспендираше сопственикот на Феникс Санс, Роберт Сарвер на една година и го казни со десет милиони долари. Тоа е втора најтешка казна во историјата на лигата, која во 2014 година го суспендираше доживотно тогашниот сопственик на ЛА Клиперс, Доналд Стерлинг, односно го принуди да ја продаде франшизата и да исчезне од светот на НБА.

Сарвер е еден од најконтроверзните сопственици во НБА-лигата, чие однесување со години ги лути американските медиуми. Против него пред десет месеци беше покрената истрага, а по нејзиното завршување, првиот човек на лигата Адам Силвер се одлучи за наведената казна. И додека американските медиуми и обожавателите на социјалните мрежи се жалат дека казната е прелесна, од НБА објаснуваат дека не е построга бидејќи нема докази дека неговото однесување било водено од расистички мотиви.

Што направи Сарвер?

Сопственикот на тимот кој се пласираше до финалето на НБА во 2021 година, е обвинет за употреба на забранет термин кој се однесува на црнците и за бројни случаи на несоодветно однесување кон вработените.

„Тој се однесувал недолично кон вработените жени, користел коментари поврзани со секс на работното место, непримерни коментари за физичкиот изглед на работничките и другите жени, а во неколку наврати недолично физичко однесување кон вработените мажи.

ПретходноКуп на Македонија:Нов дуел Гостивар – Пелистер, незгодни гостувања за Вардар и Шкупи
СледноЗвонимир Бобан смета дека треба да се пензионира, Ибрахимовиќ му врати во свој стил!