Оваа недела требаше да биде посебна за Вардар, наместо ЛШ ќе игра меч од Супер-лига!

176

ЕХФ покажа дека не прави исклучоци за никого, па ниту за еден двократен првак кој доаѓа од мала земја, гладна за успеси и мечеви од Лигата на шампионите. Летово актуелниот македонски првак го доби најголемиот удар, ЕХФ го исклучи од најсилното европско клупско натпреварување поради долгови кон поранешни членови.

По неколку предупредувањата, трпението попушти, па Вардар 1961 наместо да почне нова сезона во ЛШ, денеска ќе игра меч од Супер-лигата. После десет години, овој тим нема да биде дел од елитата во Европа, каде трипати по ред беше дел од Ф4 завршницата на која двапати се искачи на тронот.

За противник „црвено-црните“ во домашниот шампионат го имаат тимот на Бутел Скопје, мечот е закажан со почеток во 16:30 часот. Овој дуел беше поместен поради Супер-купот, кој го доби Е.Пелистер, а кој денеска во рамките на групата Б ќе игра против Голден Арт (17 часот).

МИТРЕВСКИ ЕДИНСТВЕН МАКЕДОНЕЦ ВО ЛШ

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски ќе биде единствениот наш претставник во новата сезона во Лигата на шампиони. Порто игра во групата А, на стартот ќе ги одмери силите против Висла Плоцк на гости, меч кој е закажан за утре.

Бранител на титулата е Барселона, која за првпат во историјата на ова натпреварување успеа да ја освои титулата две години по ред. Одбраната ја почнува на гости кај Пик Сегед во дербито на првото коло.

ДВОЈКИ ЛШ, 1. КОЛО – ДЕНЕСКА

18:45 Кил – Елверум

18:45 Пик Сегед – Барселона

20:45 Кјелце – Нант

20:45 ППД Загреб – Гог

ПретходноТаири: Се надевам дека оваа сезона ќе го донесеме пехарот од Купот во Струга!
СледноБеше најдобар во триумфот против Грција, па сега добива смртни закани