Репрезентацијата на Германија успеа да направи големо изненадување, ја елиминираше Грција во четвртфиналето на Европското првенство пред своите фанови.
По завршување на мечот, предводникот на еден од најголемите фаворити за тронот потенцира дека не бара оправдувања за поразот и дека еден тим може да биде фаворит само на хартија, во ваков систем на натпреварување кога е само еден меч, секој секого може да победи.
На констатацијата дека сите ги видоа Србија и Грција во финале особено по мечот во Белград, Итудис збесна.
„Кој го виде тоа? Јас не прогнозирав. Ако ти ме прашуваш мене тоа значи дека сум селектор, треба да знам да и одговорам. Јас тоа го немам видено. Нр знам каде е српската кошарка, знам дека имаат одлични играчи и тренери, а што се однесува до нас да бидеме живи и здрави, да се вратиме и треба да креираме нешто долгорочно“, изјави предводникот на грчката репрезентација.